Актуелните BMW X5 M Competition и X6 M Competition сега се достапни и во специјалната серија наречена First Edition

Како што се наведува, секој од овие модели ќе биде изработен во ограничена серија од 250 примероци, но нивните цени не се објавени.

Во неколку зборови, автомобилите се достапни во две специјални бои (BMW Individual Frozen Dark Silver и BMW Individual Frozen Marina Bay Blue), со М алуминиѕмски фелни од 21 и 22 инчи, карбон елементи (куќиштата на ретровизорите, задниот спојлер …), BMW Individual Merino кожа во двобојна комбинација (Silverstone и Midnight Blue), црна алкантара, Sakhir Orange шевови, детали од карбонски влакна и ознаки First Edition 1/250.

Под хаубата се наоѓа 4.4-литарски V8 TwinPower Turbo мотор со 625 КС и 750 Nm вртежен момент.

М пакетот вклучува и 8-степен автоматски менувач, погон на сите тркала, спортска суспензија, сопирачки со високи перформанси (дискови 395 mm и 380 mm) и спортски издувен систем.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h (со опционалниот M Driver’s Package изнесува 290 km/h).

За овие модели, помеѓу другото, BMW предвидел и трета генерација на Head-Up дисплеј, BMW Live Cockpit Professional со два 12,3-инчни екрани, мултифункционален волан, гласовно препознавање, контрола со гестови, безжично полнење на телефон, амбиентално осветлување, панорамски покрив, Parking Assistant Plus (автоматско паркирање без учество на возачот), систем за одржување на возилото во сообраќајна лента и многу други системи за помош на возачот.