Градските власти во француската престолнина деновиве ќе отворат консултации во врска со намалувањето на дозволената максимална брзина во оваа метропола од 50 на 30 km/h

Новата максимална брзина би се однесувала на потесното градско подрачје и е дел од предлози на властите во Париз. Граѓаните на главниот град на Франција ќе имаат еден месец да дадат свои коментари за предлогот во врска со намалувањето на максимално дозволената брзина.

Давид Белијар, заменик градски секретар за транспорт, вели дека желбата е новата норма во однос на максималната брзина на возилата во градот да започне да се применува веќе следната година. Со цел оваа мерка да може да се одржува „жива“ , Белиард најавува уште поголема контрола на брзината во главниот град на Франција. Тој додава дека намалувањето на брзината на 30 km/h ќе ја намали и бучавата од автомобилите.

Веќе е сосема јасно е дека градските власти на Париз одлучиле да се пресметаат со автомобилите, бидејќи покрај големиот број ограничувања поврзани со емисијата на штетни гасови, сега се воведува и помала максимална брзина од само 30 km/h.

Сепак, ова не е единствениот град во Франција кој би го сторил тоа. Такво ограничување веќе има во Лил и Нант.