
BMW најави сервисна акција за 26.700 plug-in хибриди
Причината е проблем со батериите кој може да доведе до пожар
Не толку одамна, во средината на август, BMW мораше да ја прекине испораката на околу 4500 автомобили поради лоши спојки на варови кои можеа да предизвикаат пожар, за сега да се појават нови проблеми.
Компанијата мора да повлече 27.600 автомобили, а меѓи засегнатите модели се сите PHEV верзиите на SUV моделите X1, X2, X3, X5, седаните од Серија 3, 5 и 7, Серија 2 Active Tourer и Mini Conutryman, како и i8. Станува збор за автомобили произведени помеѓу 20 јануари и 18 септември оваа година.
Ризикот откриен од инженерите на германскиот производител е дека има некои недоследности во процесот на производство на батериските пакувања за plug-in хибридите, произведени од компанијата Northvolt. Многу е возможно за време на склопувањето на батериите во нив да влегле непосакувани честички, кои може да предизвикаат краток спој, што пак може да предизвика пожар.
Според портпаролот на компанијата, акцијата е превентивна и досега немало несреќи. Според анализата, во многу ретки случаи, вакви честички може да влезат во батеријата и кога е целосно наполнета може да дојде до краток спој.
BMW не е единствената компанија која најавила сервисна акција во врска со проблематични батерии за хибридите. Ford, кој го користи истиот снабдувач како и Баварците, имаше слична акција за Kuga PHEV во текот на летото, откако 4 автомобили се запалија поради краток спој.
Претходно овој месец, Hyundai објави сервисна акција за електричната Kona, по 16 случаи на запален автомобил. Ова го принуди корејскиот производител да прегледа повеќе од 25.000 автомобили во Јужна Кореја. Дали е утврдена причината за пожарот ќе биде јасно наскоро.