
Британците имаат нови семафори: Кога ќе наидат велосипедисти, се гаси зеленото светло за автомобилите!
Камери и вештачка интелигенција ги лоцираат велосипедистите кои наидуваат и навремено го исклучуваат помошното зелено светло за свртување за автомобили и други возила
Во Велика Британија бараат одговор за големиот број несреќи во кои учесници се велосипедисти, а сега се чини дека се близу до едно солидно решение. Имено, раскрсниците ќе ги опремат со осемафори со камери и вештачка интелигенција. Целта е да се следат велосипедистите и навремено да се исклучи зеленото светло за автомобилите.
Камери и вештачка интелигенција ги лоцираат велосипедистите кои наидуваат и навремено го исклучуваат помошното зелено светло за свртување за автомобили и други возила. На тој начин, велат Британците, бројот на несреќи ќе се намали, бидејќи свртувањето на возилата на десно на раскрсниците е една од поризичните операции. Цената на новиот систем е околу 700 фунти по семафор, а првите инсталации ќе бидат направени во градовите Ковентри, Саутемптон и Вулверхемптон.