Magnite е евтин, но располага со најсовремени системи

На 21 октомври, Nissan ќе ја претстави сериската верзија на својот компактен модел Magnite, кој ќе биде ценовно најдостапен кросовер на марката.

Прес-службата на компанијата објави и неколку фотографии, како и видео од тестовите на автомобилот, кои се спроведуваат на полигонот во јапонската префектура Тотиџи. На оваа локација и претходно се тестирани многу модели на Nissan, вклучувајќи ги супер-автомобилот GT-R и моќниот кросовер Ariya.

Компанијата забележува дека Magnite ќе добие моќен мотор, висок клиренс, одлична суспензија и најсовремени безбедносни системи и асистенти за возачот. Кросоверот е изграден на платформата CMF-A, а во гамата на производителот ќе се позиционира под Juke.

Според прелиминарните податоци, Nissan Magnite ќе се потпира на 1.0-литарски бензински мотор со 3 цилиндри и 72 КС, кој ќе работи со 5-степен мануелен менувач. Кросоверот ќе понуди и 1.0-литарски турбо мотор кој развива 95 коњски сили и е поврзан со варијатор.

Моделот е развиен за Индија, каде што ќе дебитира, а потоа ќе се појави на пазарите во другите земји во развој. Во Европа, кросоверот, досега познато, сигурно ќе се продава во Русија. Основната цена на Magnite е 8.000 долари.

Loading...