Новиот суперспортски Maserati ќе може да се нарача со V6 twin-turbo мотор, но и во верзија со електричен погон, што е показател дека италијанскиот производител оди во чекор со трендовите во автомобилската индустрија

Нов супер спортски Maserati модел беше најавен уште во 2014 година, кога компанијата го претстави концептот Alfieri. Шест години, може слободно да се каже дека италијанскиот производител ги воодушеви своите фанови. И не само нив.

Сепак, MC20 не го дели дизајнот на концептот од 2014 година, а и името е сосема различно, но нема сомнение дека станува збор за исклучително спортски автомобил кој беше потребен за освежување на понудата на Maserati, но и за да и помогне на компанијата во однос на маркетингот – да ја поттикне продажбата на оваа марка.

Да се навратиме на погонот. Maserati се определил за две погонски опции – конвенционален, со V6 мотор и модерен, со електричен мотор. На тој начин ќе се задоволи „старата гарда“ која верува дека спортските автомобили мора да имаат бензинска погонска единица, но и оние кои веќе се повеќе наклонети кон електричниот погон.

Што се однесува до бензинецот, станува збор за сосема нов 3.0 twin-turbo V6 мотор со 630 КС (463 kW) и 730 Nm. Моторот е спарен со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка со кој MC20 забрзува од место до стотка за само 2,9 секунди, додека максималната брзина е 325 km/h. Новиот мотор е целосно развиен во таа компанија, без надворешна помош, а при конструкцијата биле користени и Formula 1 идеи.

Телото на возилото е изработено од лесни материјали, така што MC20 тежи околу 1.500 кг.

Спецификациите за електричната верзија не се откриени, но перформансите да. MC20 со електричен погон до стотка стигнува за само 2,8 секунди, додека максималната брзина е нешто помала споредено со бензинската верзија и изнесува 310 km/h. Италијанскиот производител тврди дека електричниот MC20 може да помине до 323 км со едно полнење на батеријата.

[useyourdrive dir=”1nRWFXd4335W8hYD-EQTui2JuBM3ciYNB” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот суперспортски Maserati во продажните салони доаѓа во 2021 година, по почетна цена од 210.000 долари.