Полека, но сигурно, дизелот заминува во историјата!
Автомобилите со дизел погон стануваат сè помалку пожелни при изборот на нов автомобил во Германија
Нивното учество во вкупниот број на новорегистрирани возила се намалил на само 29,2% во јули. Познатиот германски експерт за случувањата во оваа индустрија, Фердинанд Дуденхофер, вели дека учеството на дизелот е само 32,5% ако во предвид се земат и оние ретки возила кои користат хибридна технологија, но се базираат на дизел единица.
Последен пат толку мали проценти поврзани со дизел возилата се забележани во 2009 година, кога германската држава преку политика за поттикнување ја ја форсираше побарувачката за мали автомобили, кои тогаш, на крајот на краиштата, беа главно со бензински мотор.
По скандалот со емисијата на штени гасови и последователните забрани за употреба на дизелот во централните градски зони, обемот на продажба на возила со оваа технологија е во остар, стабилен и континуиран пад. Сепак, тоа важеше до 2019 година, кога имаше знаци на мало закрепнување. Но за кратко бидејќи во 2020 година, аналогните проценти повторно паѓаат.
Дуденхофер не очекува пресврт на тој тренд, иако сега се пронајдени технолошки решенија кои во голема мерка ги неутрализираат штетните емисии кои на дизелот му донесоа лоша репутација. Дизелот ја изгуби својата важност дури и во категоријата на купувачи на корпоративни возила. Во текот на 2015 година, во овој сегмент е забележано учество на пазарот од 77%, додека сегашното учество е само 45 односно 51,6%, ако се земат во предвид хибридите со дизел мотор.
И покрај фактот дека пласманот на хибриди е дополнително стимулиран од државата, дизелот ја губи предноста во однос на пониските трошоци за поседување, што ја имаше порано, предупредува Дуденхофер. Фискалната политика оди во насока на обесхрабрување на набавката на дизели, како за физички, така и за правни лица.
Заклучокот на Дуденхофер е јасен:
Полека, но сигурно, дизелот заминува во историјата!