Електричниот ID.3 може и подалеку од фабички декларираното!
Електричниот Volkswagen ID.3 успеал да помине 111 километри повеќе од фабрички декларирана вредност за автономија според стандардот WLTP
Една од најважните карактеристики на било кој електричен автомобил е максималната автономија на движење со едно полнење на батериите. Со оглед на тоа што полнењето на батериите сè уште трае значително подолго од полнењето гориво, а инфраструктурата на полначите сè уште не е доволно развиена, секое подобрување во поглед на автономијата е значително голем чекор за успех на пазарот.
Во Volkswagen, исто како и другите производители, се свесни за тоа, па затоа организирал тест возење на новиот електричен модел ID.3 од германскиот град Звикау, до Шафхаузен во Швајцарија. Резултатите биле повеќе од задоволителни, имајќи предвид дека трасата од 531 километри ID.3 ја поминал со едно полнење на батеријата.
Автономијата на автомобилот е 111 километри повеќе. Имено, според реалистичниот стандард за мерење WLTP, VW ID.3 со батерија од 58 kWh може да покрие 420 км со едно полнење. Од Volkswagen наведуваaт дека патувањето траело околу 9 часа, а 44% од рутата бил автопат, додека останатите 56% бил локални патишта. Просечната брзина за време на тестот била 56 km/h.
Volkswagen ID.3 веќе е во продажба во Германија, а верзијата од тестот чини 38.986 евра и користи електричен мотор од 204 КС (150 kW) и 310 Nm. Според фабричките податоци, овој ID.3 од 0 до 100 km/h стигнувa за 7,3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 160 km/h.
Покрај споменатата верзија, достапна е и основна со помала батерија, како и поскапа и помоќна со батерија од 77 kWh и автономија од 550 км, исто така измерена според стандардот WLTP.