FIA воведува дополнителни проверки и го ограничува работењето на ERS системот
Покрај ограничувањето на модот на моторот, управниот орган на FIA сака да ја контролира работата и на другите системи
Сите оние кои ја следат Formula 1, знаат дека минатата година Ferrari во договор со FIA, мораше да направи измени на својата погонска единица, по што перформансите на нивниот болид нагло се намалија. Оттогаш, FIA ја следи работата и на другите производители затоа што постои сомневање дека тие исто така ги користат „сивите“ зони за оперативно работење на нивните погонски единици.
Според Auto Motor und Sport, неколку производители на мотори не ги почитуваат правилата за заштеда на енергија на вистински начин. Сензорите користени за оваа пригода од страна на FIA тимовите знаат да ги заобиколат, што создава одредени проблеми.
Со цел да се намали сивата зона околу MGU-K компонентата, Formula 1 сака да го разјасни начинот како се дизајнира целиот ERS систем. Затоа, ФИА ќе им испрати на сите тимови 3Д-модели на ERS системот, односно како треба да изгледа во болидите, а тимовите ќе бидат обврзани да ја вратат назад точната шема за инсталирање на системот.