BMW M3 Touring VS AMG C63 S Estate / ВИДЕО
Нова трка за забрзување во режија на британскиот Carwow
Нова трка за забрзување во која главните улоги ги толкуваат германски „актери“ – Mercedes C63 S Estate и BMW M3 Touring.
Моделот на Mercedes поседува 4.0-литарски V8 мотор, кој произведува 510 КС и 700 Nm максимален вртежен момент, а има погон на задните тркала и тежи околу 1.700 килограми. Од друга страна BMW има 6-цилиндерски 3.0-литарски мотор кој испорачува 540 КС и 680 Nm вртежен момент и за стотина килограми е полесен од моделот на Mercedes.
Кој e победник? Погледнете во приложеното видео.