
Ваква Honda сигурно досега немате видено / ФОТО
Оваа целосно трансформирана Honda Z600 од 1972 година доаѓа од американскиот град Ричмонд
Honda Z600 е произведувана помеѓу 1970 и 1974 година. Под капакот носела 2-цилиндерски мотор од 600 кубика, но оваа 4х4 верзија е далеку од тоа.
Под капакот на трансформираниот модел се наоѓа 1.3-литарски мотор од Suzuki спарен со 5-степен мануелен менувач, а на него се поставени нови off-road гуми, па автомобилот неодоливо потсетува на таканаречените Мonster Тruck.
Што се однесува до шасијата, системите за сопирање, суспензијата и други работи, нема информации за тоа што и како е изменето, а на некои интернет форуми може да се види дека моделот го споредуваат со Suzuki Samurai.
Интересна трансформација нема што. Цената е 17.500 долари.