На овогодинешното издание на CES во Лас Вегас, Sony изненади многумина со презентацијата на својот електричен прототип автомобил Vision-S

Станува збор за автомобил кој има двоен мотор од по 200 kW, едниот поставен на предниот, а другиот на задниот крај на возилото. До 100 km/h стигнува за 4,8 секунди, а максималната е 240 km/h.

Vision-S има 33 различни сензори кои обезбедуваат автономија при возење, но и други опции, како што се препознавање на луѓе внатре и надвор од возилото. Препознавањето на луѓето во возилото овозможува за секој препознаен возач автоматски да се прилагодат параметрите за возење како што тоа лице претпочита. И, секако, станува збор за Sony, многу внимание се посветува на забавата во автомобилот.

Автомобилот располага со 360 Reality Audio со звучници во секој од четирите потпирачи за глава, како и панорамски дисплеј на контролната табла.