Во Ferrari принудени да го редизајнираат целиот болид
Шефот на тимот на F1 тимот на Ferrari, Матија Биното изјави дека тимот морал да направи сериозни промени во болидот, бидејќи од предсезонските тестови е откриено дека има одредени недостатоци
Биното истакнува дека заклучоците извлечени за тоа зошто резултатите на Каталуња не биле како што се очекувало, довеле до промена во правецот на развој на болидот.
Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк на првите две трки во Австрија ќе возат со стари спецификации, додека промените ќе бидат достапни за Гран-при трката на Унгарија на 19 јули.
„Моравме да разбереме зошто не ги видовме резултатите што ги очекувавме на патеката и колку треба да ја промениме целата програма како резултат на тоа. Би било контрапродуктивно да продолжиме во насоката што ја планиравме, знаејќи дека нема да ги постигнеме нашите цели. Затоа решивме да излеземе со нова програма која важи за целиот болид, знаејќи дека нема да биде подготвена за првата трка. Нашата цел е да подготвиме подобрувања за третата трка на Хунгароринг, вели Биното. „Покрај тоа, покрај реалниот развој на самиот болид, последните недели работевме и на анализа на тоа однесување, работа во симулатор и со помош на возачите верувам дека во Австрија ќе се покаже дека сето тоа вредело. Знаеме дека немаме најбрз пакет во моментот, го знаевме тоа и пред Мелбурн и тоа не е променето“.
Овогодинешниот шампионат во Formula 1 започнува овој викенд на Red Bull Ring Arena со првата од двете предвидени трки.