Новата генерација на Škoda Octavia достапна за македонските купувачи / ФОТО+ВИДЕО
Целосно новата Škoda Octavia ја доживеа својата македонска премиера
Надворешност
Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник. Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гасење на лед диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED светла.
Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.
На задниот дел, се истакнува името на марката Škoda на средина од задната врата за багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри, кој со преклопени задни седишта достигнува до 1.740 литри. Задните светла се составени од бројни индивидуални LED диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.
Внатрешност
Дизајнот на внатрешноста е целосно променет. Пред вас е воланот со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic – кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation – со кој на целиот 10 инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance – кој нуди детални информации за сите системи. Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.
На централната конзола се наоѓа 10 инчен инфозабавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, Škoda виртуелен асистент.
Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа. Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство. Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци. Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.
Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата, велат од Škoda. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта. Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло.
Безбедност
Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.
Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.
Мотори
Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 КС.
Дизел верзиите, сега емитуваат 80% помалку азотни оксиди од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на 2 литарскиот дизел мотор изнесува 150 КС.
Новата генерација на Škoda Octavia е најголема, најудобна и најбезбедна до сега. Според компанијата но и многумина други, ова е идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.
За повеќе информации и цени посетете ја веб страната Škoda за Македонија и појдете до салонот во Скопје.
[useyourdrive dir=”1y2-2GFZ6TlufPs7J0C0WGQrQYd0iNBJn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]