Премиера за освежениот VW Arteon во лимузинска и Shooting Brake верзија / ФОТО+ВИДЕО
Volkswagen објави фотографии и технички детали за рестилизираниот Arteon, кој сега е достапен во Shooting Brake верзија, како и plug-in хибридбна верзија
Гледајќи однадвор освежениот Arteon и неговата Shooting Brake варијанта не се изненадување со оглед на тоа што веќе претходно се појавија дизајнерски цртежи и фотографии од моделот за кинескиот пазар во изминатите неколку недели.
Купе-лимузината е дискретно рестилизирана, пред се на предната страна. Решетката на ладилникот, браникот и LED предните светла се рестилизирани со цел автомобилот да добие помодерен изглед. Тука е и новата тенка LED лента која се протега се целата ширина на предната маска и која визуелно ги поврзува предните светлосни групи. Промени има и во задниот дел, поточно рестилизирани се стоп-светлата, браникот и дифузерот.
Интересно е што, официјалните податоци говорат дека волуменот на багажникот во изданието Shooting Brake е поголем за само 2 литри (565 литри во споредба со 563 кај стандардниот модел). Сепак од Volkswagen посочуваат дека ова се должи на официјалниот систем за мерење, при што реалната употребливост на багажниот простор е многу поголема. Кога ќе се преклопат задните седишта, волуменот расте на 1.557 литри, а кај караванот на 1.632 литри.
Кога станува збор за внатрешноста на возилото, Volkswagen го променил воланот и одредени елементи на централната конзола, како што е сетот за контрола на климатизацијата. Редизајнирани се отворите за вентилација, а аналогниот часовник во средина на контролната табла. Германскиот производител наведува дека Arteon добил нов, мултимедијален систем MIB3 кој ги поддржува функциите Android Auto и Apple CarPlay.
Системот за амбиентално осветлување во салонот нуди дури 30 бои, а возачот и патниците можат да го наполнат својот паметен телефон на безжичен полнач.
Рестилизираниот Arteon е исто така опремен со некои од најмодерните технологии кога станува збор за системите за асистениција на возачот. Најинтересен е полу-автономниот систем за возење Travel Assist system, кој работи при брзина од дури 210 km/h. Покрај тоа, има нова задна камера која покрива значително поголем агол на задниот дел (170 степени).
Најголемата новина во областа на моторизацијата кај Arteon за 2021 година е plug-in хибридната варијанта. Засега нема многу детали, но познато е дека хибридниот систем произведува вкупно 218 КС (160 kW). Користејќи само електрична енергија, plug-in хибридниот Arteon ќе може да помине и до 50 километри.
Останатата погонска понуда се состои од бензински и дизел мотори – кај бензинците моќта се движи од 190 КС до 280 КС, додека кај дизелите овој опсег е од 150 до 200 КС. Volkswagen наведува дека новиот систем за филтрирање на издувните гасови кај дизелите овозможува до 80% пониски емисии на азотни оксиди.
Не се заборавени ниту купувачите кои преферираат автомобил со високи перформанси. За нив идната година пристигнува Arteon R со 320 „коњски сили“ (235 kW), со поагресивен дизајн, погон на сите тркала и R-Performance Torque Vectoring технологија за автоматско прераспределување на вртежниот момент на оските, во зависност од ситуацијата на патот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”139rwEHLf89BUzf3MpPn4qoQ3rK1iJrCt” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Освежениот Arteon во продажба влегува оваа есен. Почетната цена за стандардната fastback варијантата во Германија ќе биде 44.500 евра, што е малку повеќе од сегашниот модел.
https://youtu.be/RYDULcX-n6k