FIA ги потврди натамошните измени во техничките и финансиските регулативи

Новите технички прописи, кои требаше да стапат во сила следната година, се одложени за 2022 година, поради пандемија на коронарен вирус, но тимовите мораа да прифатат дополнителни измени за оваа и за следната сезона.

Развојот на многу компоненти за 2020 и 2021 година ќе биде замрзнат, а тука се вклучени и шасијата и менувачот. Развојот на моторите исто така ќе биде ограничен од следната година, во исто време болидите ќе бидат малку потешки, а сето тоа ќе се одвива преку токен системот. Од 2021 година, водечките екипи помалку ќе го користат воздушниот тунел, што значи дека доколку одреден тим е подобро пласиран на првенството, ќе има помалку време дозволено во тунелот, додека пониско рангираните екипи ќе имаат повеќе.

Од 2021 година, буџетот на екипите ќе биде 145 милиони долари, а само една година подоцна, тој ќе падне на 140, додека од 2023 до 2025 година, таа бројка се очекува да биде само 135 милиони долари.