Електричната Kia ќе има перформанси на Porsche со помош на Rimac
Kia веќе се докажа на глобално ниво, а сега планира истото да го повтори и во понудата на електрични модели
Корејската компанија потврди дека следната година ќе лансира електричен кросовер. Интерно наречен Kia CV, ова е првиот модел на концернот на новата платформа Е-GMP дизајнирана специјално за модели со погон на батерии. И тоа не е сè, затоа што Kiaа ќе ги искористи деловните врски со Rimac на овој модел и со тоа ќе понуди неверојатни перформанси, пишува британскиот Auto Express.
Престижниот кросовер веќе е најавен со концептот Imagine, кој привлече внимание со својот дизајн, но и со својот неверојатен интериер со дури 21 екрани на кокпитот. Серискиот модел исто така ќе биде технолошки супериорен. Британското списание најавува спринт до 100 km/h за помалку од 3 секунди и помалку од 20 минути полнење на батериите за автономија од 483 километри. Преведено, овде ќе има систем за полнење од 800 волти, како и во Taycan на Porsche, а овие врвни перформанси ги потврди и Емилио Херера, главен оперативец на Kia во Европа.