Ова е битка на два сосем различни „ѕвера“

На некого познато, на некого не, но McLaren 720S е еден од автомобилските хегемони кога станува збор за трки од четврт милја. Овој автомобил е во состојба да стигне до целта за помалку од 10 секунди, што е прилично импресивно. Од друга страна, BMW M5 е меѓу најдобрите во својата лига со време од околу 10,9 секунди.

Втората бројка е точно кога станува збор за фабрички спецификации, без никакви измени, а 4,4-литарскиот твин-турбо V8 е способен да прави чуда кога станува збор за доработки на софтверот и хардверот.

Видеото доаѓа од рускиот јутјуб канал DSC OFF, а на стартот се наоѓаат двата наведени модели со тоа што BMW M5 e тјуниран. Дополнителни информации нема, но она што се знае е дека располага со околу 840 КС.

Неговиот ривал на Вокинг поседува 4.0-литарски 720 КС твин-турбо V8 спарен со седумстепен автоматски менувач кој ја испраќа моќта на задните тркала. Со 1.982 килограми наспроти 1.437, BMW е значително потежок.

Што мислите, кој ќе победи?