Нова трка во забрзување: Nissan GT-R vs BMW M8 Competition vs Ferrari GTC4Lusso / ВИДЕО
Ново видео од CarWow
Nissan GT-R својата репутација ја заработи како спортско купе, способно да ги надмине суперавтомобилите. Ова е точно, ако во предвид се земат суперавтомобилите од 2009 година, моделна година кога се појави актуелната генерација на GT-R. За волја на вистината, „Годзила“ во меѓувреме доби две мали подобрувања, при што сегашниот модел има 570 КС и 630 Nm од 3.8-литарскиот твин турбо VR38DETTV6.
Сепак, како овие „статистики“ се рангираат против модели како што се BMW M8 Competition и Ferrari GTC4Lusso?
Под капакот на баварскиот модел се наоѓа познатиот 4.4-литарски твин-турбо V8 со 625 КС и 750 Nm, додека моќниот Италијанец испорачува 690 коњи и 700 Nm од атмосферскиот V12.
Сепак, GT-R во оваа приказна не е „обичен“. Тоа е модел од 630 КС и 780 Nm, верувале или не, GT-R е најлесниот во оваа трка.
Дали јапонскиот модел има шанса против BMW и Ferrari? Погледнете во приложеното видео.