
Историјата на Honda низ виртуелна тура
Honda Collection Нall се наоѓа во Јапонија, во Тим Ринг Монтега, дом на најголемата колекција на производи која компанијата ја направила во својата историја, а благодарение на виртуелна тура од 360°, можете да погледнете повеќе од 300 изложени модели
Овде можете да погледнете во историјата на јапонскиот производител преку ексклузивна колекција на автомобили, мотоцикли и тркачки „машини“.
Honda Collection Нall (HCH) е отворена во 1998 година по повод одбележувањето на 50-годишнината на марката.
Историјата на Honda на 3 спрата
Виртуелната турнеја доловува вистинска музејска тура, дозволувајќи им на посетителите да се чувствуваат како навистина да отпатувале во Јапонија и да живееле во текот на 70-годишната историја на компанијата.
На второто ниво се прикажани автомобили, моторцикли и други возила, а има и вистински sвезди – компактниот спортски автомобил од 1963 година, Honda S500, како и некои легендарни модели како што се Prelud, NSX и Civic.
Изложбата исто така нуди поглед на еволуцијата на производството на јапонски автомобили, со посебен фокус на микро возила кои биле многу популарни во Јапонија. Прикажани се и некои од најраните модели, како што е Honda Н360, првиот мал производствен автомобил што излегол во продажба во 1968 година.
Во виртуелна турнеја, можете исто така да наидете на вистински икони на две тркала како што е CB750.
Третиот кат е посветен на страста на Honda за мото спорт. Ова е местото каде се наоѓаат едноседите, GT автомобилите и мотоциклите од тркачките натпревари. И овде ќе наидете на вистински икони како што е McLaren-Honda F1 болидот управуван од Аиртон Сена, како и шест-цилиндерскиот RC166, победник на Isle of Man TT, а управуван од Мајк Хејвуд.
Отворањето на HCH претставува напор на Honda да му го покаже на светот своето наследство и историја, како и да ги подобри животните услови на луѓето со модерна технологија и мобилност.
Виртуелната тура е достапна на следниот линк.