Здравствени работници ги ставаат тестовите во возило, ги обезбедуваат, по што компјутерот кој го контролира возилото се упатува кон лабораторија.

По земањето примероци за тестирање на COVID-19, потребно е истите да се пренесат во лабораторијата што е можно поскоро. Имајќи предвид дека поради епидемијата на коронавирус медицинскиот персонал е презафатен, секоја помош е добредојдена. Во Џексонвил, оваа помош доаѓа во форма на автономни возила, односно мини-буси кои немаат возачи, туку се управувани од компјутери и вештачка интелигенција за примероците брзо и безбедно да стигнат во лабораторијата.

Во овој проект учествуваaт Одделот за транспорт на Џексонвил, кој допуштил тестирање на автономни автомобили од компаниите Navya и Beep кои развиваат возила и технологија, како и клиниката Mayo чиј персонал спроведува тестирање на потенцијално заразени лица. 

„Користењето вештачка интелигенција ни помага да го заштитиме нашиот персонал од изложеност на овој заразен вирус со користење на модерна автономна технологија во возилата што пак ослободува време на нашите вработени за повеќе грижа за пациентите“, вели во изјава за медиумите извршниот директор на клиниката Mayo, Кент Тилен.

Од Beep нагласуваат дека транспортирањето тестови на овој начин ја намалува можноста за изложување на луѓето на коронавирусот, што е уште еден од многуте начини на кои технологијата може да помогне во овие предизвикувачки и тешки времиња. Иако возилото се движи на пат кој е без сообраќај и пешаци, со цел да се избегнат какви било непредвидени проблеми или забавување во транспортот, зад него сепак се наоѓа возило контролирано од возач кој автономното возило го следи од далечина.

Погледнете го видеото во прилог.

Loading...