Lexus го претстави првиот тетовиран автомобил во светот / ФОТО+ВИДЕО
Како почит на традиционалната јапонска уметност и занаетчиство, доаѓа и овој уникатен Lexus
Славејќи ја фината изработка и традиционалната јапонска уметност, Lexus го нарача првиот тетовиран автомобил во светот. Ова уникатно толкување на компактниот теренец UX, е дизајнирано и создадено од водечката лондонска уметничка за тетоважа, Клаудија Де Сабе.
Користејќи чист бел автомобил како „платно“ и Дремел дупчалка наместо фина игла за тетоважа, Клаудија направила слика за воодушевување на јапонскиот кои крап по целото возило. Кои е мотив познат од традиционалната јапонска уметност и е симбол на среќа и упорност.
Клаудија ја симнала површинската боја и го обраболтила металот под неа за да создаде комплексен образец, а потоа рачно нанела пет литри висококвалитетна автомобилска боја за да ги наслика деталите. На крај, таа користела златни листови за да ги потенцира деталите и да постигне посилен 3Д ефект. Целата површина добила и заштитна обвивка од лак за да може безбедно да се вози на јавните патишта без можност за оштетување.
Процесот траел шест месеци од оригиналните цртежи, а „тетовирањето“ е направено за време од пет осумчасовни интензивни сесии.
Тетовираниот UX нема цена, но проценетата работа чини околу 130.000 евра.
Клаудија за прв пат ги применила своите вештини на метална површина, а не на човечка кожа и открила сличности и нови предизвици во овој единствен потфат.
“Кога тетовирате личност, треба да размислувате за мускулите и ткивата под кожата. На автомобил, тетоважата го менува изгледот на каросеријата”, рече Клаудија, на која во работата и помагал нејзиниот сопруг Јутаро, кој е роден во Јапонија.
„Најдоброто нешто околу тетовирањето на Lexus UX и причината зошто овој автомобил е идеален за проектот е неговата аеродинамична форма. Сè, од страничните линии до формата на прозорците, е многу динамично и убаво. Ова беше совршено за вклопување во самиот дизајн и концепт” , вели Клаудија, ко-основач на Red Point Tattoo Studios во Ислингтон.
„Проектот му оддава почит на занаетот „Takumi“ кој се применува на секој „Lexus“, и се рефлектира во деталите на дизајнот и беспрекорната обработка постигната со човечка вештина, усовршено низ годините на обука. Lexus, исто така, ја негува традиционалната јапонска естетика во дизајнот на возилото, така што UX дизајнерските елементи имаат традиционални украси од хартија, додека надворешноста и ентериерот се мешаат со традиционалната јапонска архвактура engawa“, истакнуваат од Lexus.