Еден од вработените во фабриката во Минхен е позитивен за коронавирус

Епидемијата на коронавирусот се шири секој ден, а тоа предизвика проблем и во германската компанија за автомобили

Судејќи според извештајот, поради заразено лице, BMW наложил на 150 вработени во центарот за истражување и развој од кој е лицето позитивно на коронавирус, да останат во карантин две недели. Не е познато како вработениот во BMW дошол во контакт со вирусот, бидејќи во скоро време не патувал надвор од Германија.

До сега, ова е единствениот случај на инфициран работник во BMW во седиштето во Минхен. Секако, погодениот сектор е затворен и дезинфициран, додека работата во целина на BMW за сега не е под закана од епидемија од поголеми размери. 

На подолг рок сепак ова би можело да биде многу поголем проблем како за BMW, така и генерално за автомобилската индустрија. Да потсетиме дека еден голем настан за индустријата, Саемот за автомобили во Женева, се откажа токму поради опасноста од коронавирусот.