Иако Салонот за автомобили во Женева е откажан, настанот кој требаше да се одржи денес сепак се случи, а тоа е прогласувањето на победникот во изборот за Европски автомобил на годината (2020 European Car Of The Year)

За Автомобил на годината на Стариот континент е избрана новиот Peugeot 208. Францускиот урбан модел победата ја однел со 281 поени доделени од меѓународното жири составено од 60 автомобилски новинари од 23 земји.

Втората и третата позиција се за два електрични автомобили – Tesla Model 3 со 242 поени и Porsche Taycan со 222 поени.

Финалето во изборот за Европски автомобил на годинате како и секогаш се одржува ден пред почетокот на Женевскиот авто салон кој за жал уште еднаш ќе нагласиме оваа година поради превенција од епидемијата на корона вирусот нема да се одржи.

Во трката за престижната титула во финална фаза се натпреваруваа седум финалисти – BMW Серија 1, Ford Puma, Peugeot 208, Porsche Taycan, Renault Clio, Tesla Model 3 и Toyota Corolla.

За оние кои не знаат, изборот за Автомобил на годината во Европа се одржува уште од 1964 година, а во 2019 година победник беше електричниот Jaguar I-Pace.