Chevrolet укина модел кој со прекини се правеше 62 години
Првиот Chevrolet Impala своето деби го имал во 1958 година како верзија на моделот Bel Air
Американската компанија го затвори производството на овој автомобил на 27 февруари, по нешто повеќе од шест децении.
Сепак, ова не е прв пат Chevrolet да ja пензионира Impala. Прв пат тоа се случило во 1985 година, за да во 90-те години на минатиот век автомобилот повторно се појави во гамата на производителот од Детроит како спортска верзија Impala SS.
Следен пата Impala е лансиранa во почетокот на 21 век и до денес се продаваше под ова име.
Од Chevrolet соопштија дека моделот бил укинат заради намалениот интерес на американските клиенти за лимузини.
Последната генерација на Impala се изработуваше во фабриката во Детроит – Хамтрамк, а General Motors сега инвестира 2,2 милијарди американски долари во постројката за да во неа се произведуваат електрични автомобили од следната генерација, вклучително и новиот GMC Hummer на електрична енергија.
Impala забележа пад на продажбата од 20,5% во текот на 2019 година кога се испорачани само 44.978 единици од овој модел до купувачите на северно-американскиот пазар.
Chevrolet засега не планира нов модел под името Impala, но со оглед на тоа што во својата историја веќе неколку пати се премисли кога станува збор за овој автомобил, не се исклучува можноста во иднина Impala повторно да се најде на американските патишта, но во друга друга форма.