Новиот Kia Sorento: први официјални фотографии
Последниве десетина години Kia е пример за драстични дизајнерски промени, а со дизајнот на новиот Sorento се оди чекор подалеку
Со оглед на тоа дека многу фалениот модел Telluride во Европа е недостапен, новиот Sorento ќе биде првиот пример на новиот дизајнерски јазик на Корејците.
Така, напред за впечатливиот настап се грижи вешто интегрираниот капак на моторот познат како „tigar nose“, а тука се остро засечените задни странични прозорци, но и дополнително проширената подлога со подолго растојание помеѓу осовините. Задниот дел има кровен спојлер, квадратни светла и контрастни детали на браникот со лажни издуви.
Луксузот може да се види и во салонскиот дел. Инфозабавниот систем добил дисплеј од 10,12 инчи, а инструмент таблата стандарден од 12,3 инчи, додека климатизацијата има засебни контроли. Амбиенталното осветлување го следи трендот, а кожните облоги во две нијанси се дел од ексклузивните пакети.
Што се однесува до моторизацијата засега не се знае ништо. Најчесто се споменува хибридниот систем од Optima со 2.0 турбо бензинец.
Официјалната премиера е закажана за Авто салонот во Женева следниот месец, кога се очекуваат и повеќе детали, особено за моторизацијата.