Volkswagen официјално потврди дека GTD верзијата од осмата генерација на Gold ќе биде откриена следниот месец на Саемот за автомобили во Женева

Volkswagen објави тизер фотографија на која се наоѓа предниот дел од моќниот дизел хечбек, кој очекувано е многу сличен на стандардниот Golf, но сепак ќе има малку поинаку дизајнирана решетка на ладилникот, како и plug-in хибридниот GTE.

Од Volkswagen тврдат дека новиот GTD ќе биде најмоќниот досега, благодарение на „најчистиот турбо дизел досега вграден во Golf“.

Овој 2-литарски дизел мотор со „блага“ хибридна технологија ќе има подобри перформанси, намалена емисија на гасови и помала потрошувачка од претходниот GTD, кој беше со моќност од 181 КС.

Шпекулациите велат дека новиот GTD ќе развива 197 КС, а се очекуваат и помоќни верзии во текот на оваа година.

https://youtu.be/cDRcw1X7u7g