Акциите на автомобилската компанија Tesla повторно бележат раст, што е тренд во последните месеци. Цената на акциите е поголема за 20,5 проценти и сега вредат 940 долари, со што вредноста на целата компанија достигна ниво од 170 милијарди долари.

Во претходните два дена, вредноста на акциите е зголемена за 40 проценти, а од јули минатата година скокот е неверојатни 274 проценти.

Tesla, која мината среда го објави својот прв годишен финансиски извештај, ги надмина очекувањата на аналитичарите од Wall Street.

Додека акциите на Tesla се на историско ниво, компанијата продолжува со производството со агресивно темпо, а високата побарувачка во Шангај (каде неодамна беше отворена фабрика) оди во прилог.

Според агенцијата Reuters, солидната заработка во јапонскиот Panasonic, кој ја снабдува Tesla со батерии, исто така има голем удел во порастот на вредноста на берзата.

На почетокот на јануари, Tesla Model 3 изработен во Шангај, стигна на кинескиот пазар. Сепак, во моментов фабриката го одложи производството поради ситуацијата со коронавирусот, што сигурно во одредена мерка лошо ќе се одрази на развојот на компанијата во Кина.

Toyota сега е единствениот производител на автомобили во светот вреден повеќе од Tesla, која и покрај тоа што е меѓу 10-те најголеми производители на автомобили, сочинува само 2% од вкупните приходи во автомобилската индустрија.

Акциите на Tesla се очекува од 2024 година да вредат 7000 долари, особено со оглед на можноста компанијата да ги намали трошоците и да ја зголеми својата побарувачка за електрични автомобили на глобално ниво.