Со доаѓањето на новата генерација на Golf, легендарниот TDI не заминува во историјата. Напротив, сега се претставува како еден од еколошките адути на Golf 8

Нивниот нов EA288 TDI мотор е дел од понудата за Golf 8. Причината зошто веќе сега го исполнува Euro 6d стандардот не е во иновација во работата на моторот, туку во процесот на третманот на издувните гасови.

Филтрацијата на издувните гасови сега се одвива преку три системи, а два работат како SCR катализатори за селективна редукција со Ad Blue раствор во вода. Оваа технологија се нарекува Twin-Dosing, а емисијата на честички NOx со тоа е за 80 проценти пониска, велат од Volkswagen.