Сериозен удар за Париз мотор шоу. Volkswagen го откажа учеството!
Германскиот производител на автомобили ќе го пропушти Саемот за автомобили во Париз
Многу влијателни магазини објавија дека Volkswagen нема да се појави на Саемот за автомобили во Париз во 2020 година, што претставува голем удар за ова автомобилско шоу.
Јирген Стакман, еден од директорите за продажба на Volkswagen, ова и го потврди во интервју за германските весници.
„Веројатно нема да се појавиме во Париз. Едноставно имаме други планови за оваа година“, кратко одговорил Стакман.
Како потсетување дека саемот во Париз се одржува преку една година или секоја парна, наизменично со саемот во Франкфурт.
Одлуката на Volkswagen се оправдува со фактот дека автомобилските саеми секоја година се се помалку посетени. Саемот за автомобили во Франкфурт со години ги губи посетителите, па така на пример, во 2017 година имало 810.000 посетители, додека во 2019 година имало само 560.000 посетители, така што се очекуваат помалку посетители и годинава во Париз.
Само неколку дена претходно, Lamborghini објави дека нема да се појави на Саемот за автомобили во женева закажан за март.
Ова е само уште еден цврст доказ дека важноста за појавување на автомобилските салони се намалува, а производителите сè повеќе избираат сами да ги промовираат новите модели и да создаваат свои изложби.