Маск најави дека неговите Teslа модели наскоро ќе може да разговараат со пешаците на патот
Со оглед на тоа дека станува збор за Маск, се очекува Tesla да стане извор на забава и за возачот и за сите што поминуваат покрај неа
Сопствениците на автомобили на Tesla, наскоро би можеле да добијат нова карактеристика на нивните електрични миленици со оглед на фактот дека Илон Маск објави дека Tesla наскоро би можела да „разговара“ и со пешаците преку надворешни звучници.
„Tesla наскоро ќе може да разговара со луѓето ,ако сакате. Ова е реално“, вели Маск на Twitter.
Teslas will soon talk to people if you want. This is real. pic.twitter.com/8AJdERX5qa
— Buff Mage (@elonmusk) January 12, 2020
„Се разбира, вашиот автомобил ќе може и да предне во нивната генерална насока“, додава Маск. Притоа, тој се повикува на сцената од легендарниот филм Monthy Python and the Holy Grail во кој витез од ѕидовите на тврдината го навредува непријателот велејќи: „прдам во вашата генерална насока“.
Муск не појаснува како точно треба да работи новата технологија. Не е јасно дали автомобилите на Tesla директно ќе им се обраќаат на пешаците околу себе или дали тоа ќе бидат автоматски пораки (при паркирање и слично).
Како и да е, најавената новина ќе биде уште една добредојдена надградба за безбедноста, а возачите не би требало да свират или да го спуштаат прозорецот за да „разговараат“ со пешаците.
Исто така, бидејќи станува збор за Маск, се очекува Tesla да стане извор на забава и за возачот и за сите што поминуваат покрај неа, зборувајќи што и да е.