Одамна поминаа времињата на дружба пред зграда, секој со своја кофа со вода, сапун и сунѓер и автомобили што најчесто доаѓаа од иста фабрика

Во меѓувреме, сите пораснавме, а автомобилите скоро сите ги носиме во салони за перење на автомобили. На многумина ниту тоа не им е доволни, па на својот лимен миленик посветуваат повеќе внимание отколку на самите себе. Токму за нив постојат „експерти за детали“ за автомобили кои ќе го исчистат секој милиметар од автомобилот.

Е сега, ако се прашувавте што прават сите оние сопственици на екстремно скапи автомобили, одговорот следи. Еден од најдобрите примери е Lamborghini Veneno произведен во само 9 примероци. Еден од нив ја има таа среќа сопственикот навистина да го вози автомобилот, а патем и редовно се грижи за него. Кога нема време за тоа, тука се експертите во Topaz Detailing, кои ќе посветат посебно внимание на автомобилот.

А тоа внимание е на ниво на врвен спа центар, можеби и повеќе. Со четки од коњско влакно се чистат тркалата. Притоа површините не се мијат со ништо поагресивно од разреденен сок од лимон, пена и крпа од овча волна. Каросеријата се чисти со топла пареа и по неколку миења целата надворешност се обложува со заштитна фолија. Пред примопредавањето, постои двојна проверка за квалитетот на сработеното.

Се разбира, се прашувате колку чини тоа. Цените се движат од околу стотина британски фунти за основно чистење, па дури и до 10.000 доколку е потребна целосна реконструкција на површината со лесно пескарење. Кога станува збор за автомобил вреден неколку милиони евра, овој вид операција и не звучи страшно, барем за неговиот сопственик.

Како сето тоа се одвива погледнете во видеото во прилог.