Во Volkswagen се е подготвено за престојниот старт на продажбата на првиот исклучиво електричен модел и нивниот најсериозен ривал на Tesla Model 3 досега

Покрај со својот атрактивен дизајн и секако нултата емисија на штетни гасови, ID.3 ќе се обиде да ја придобие наклонетоста на клиентите и со некои уникатни детали. 

Еден од тие детали е ID Light концепт кој ќе му овозможи на автомобилот визуелно да комуницира со патниците. Имено, низ кокпитот на автомобилот минува LED лента која со боја ќе го известува возачот во зависност од функцијата. Исто така, во моментот на активирање на гласовната контрола, лентата ќе ги следи реакциите на секој поединечен систем со светлосни сигнали. Со трепкање, ќе го информира возачот кога е неопходно да се смени сообраќајната лента, но и ќе сигнализира за наполнетоста на  батериите, со интензитет на бојата ќе ја следи и моќноста на сопирање итн.

Од Volkswagen објаснуваат дека сакаат да создадат поудобна атмосфера во кабината, а во исто време на возачот да му го олеснат користењето на автомобилото правејќи ги многу функции поинтуитивни.