5 работи кои не смеете да ги правите со автоматски менувач / ВИДЕО
Џејсон Фенски и Engineering Explained објаснуваат што не треба да правиме со автоматскиот менувач
Како прво, рачката на автоматскиот менувач никогаш да не ја поместувате во позиција Neutral (N) кога, на пример, се спуштате по надолнина.
Како второ, не е пожелно во движење да се префрлува од позиција Reverse (R) во позиција Drive (D). За да го направите ова, најдобро е целосно да го запрете возилото.
Потег кој не е пожелен, како број три, е поврзан со поаѓањето. Многу луѓе сакаат брзо да стартуваат, со тоа што го подигнуваат бројот на вртежи во позиција Neutral (N), за потоа да префрлат во позиција Drive (D). Џејсон Фенски на примерок од конвертор на вртежен момент објаснува зошто тоа е навистина опасно, но и сугерира како тоа да се прави, ако некој веќе толку сака.
Четвртата грешка е доста честа, а може да ја забележите кога чекате на семафор. Многу возачи ја ставаат рачката на менувачот во Neutral (N) или Park (P) додека чекаат промена на светлото на семафорот. Во принцип, најдобро е менувачот да остане во позиција Drive (D).
Како петто и последно, никогаш не префрлувајте во позиција Park (P) пред возилото целосно да запре.