Изборот не е лесен, но ова се сепак најдобрите

Huawei P20 PRO

Револуционерен паметен телефон со три камери на задниот дел од уредот. Иако веќе одамна кај поскапите модели стандард се две камери, Huawei P20 PRO прави чекор напред кон врвна главна камера и уште подобри резултати.

Huawei P20 PRO е опремен со камери Leica и тоа со RGB и монохроматски камера и телефото леќа со 40MP, 20MP и 8MP. Широките отвори на блендата овозможуваат брилијантни фотографии дури и при слабо и нерамномерно осветлување.

Дури ни предната камера од 24MP не заостанува зад одличните резултати на главната камера. Во моментов, тие се апсолутен хит за портрет фотографија, а Huawei тоа го поставува на ново ниво благодарение на технологијата за автопортрет и 3D технологијата.

Големина на екран: 6.1 инчи
Камера: 40+20+8 МР
Работна меморија: 6 GB
Батерија: 4000 mAh

Samsung Galaxy S9 +

Samsung Galaxy дефинитивно стана врв за квалитет кога станува збор за камера кај паметните телефони. Снимените фотографии се врвни благодарение на двојниот отвор на блендата. Ова значи дека Samsung Galaxy S9+ има способност, во зависност од детекцијата на светлосните услови, сам да идентификува кој отвор на блендата треба да се примени.

Она што е навистина неверојатно е фактот дека Samsung S9+ работи исто како што работи човечкото око и спрема детекцијата на светлината работи со f / 1.5 за повеќе светлина или f / 2.4 за поголема острина.

За оние кои сакаат да креираат извонредни видеа, постои можност за супер-бавно снимање со серија детали што никогаш не сте ги виделе претходно. На секое видео можете да додадете музика.

Големина на екран: 6.2 инчи
Камера: 12 МР
Работна меморија: 6 GB
Батерија: 3500 mAh

iPhone X

Apple iPhone X заедно со новиот стандард за екран, од раб до раб, исто така, донесува и нов стандард за врвни портретни камери.

Со iPhone X ќе креирате фотографии кои ќе сакате да ги споделите со сите! Портретните фотографии се речиси како студиски, а осветлувањето е врвно.

Двојната задна камера се состои од две 12MP камери, со поголем и побрз сензор и филтер за боја, како и оптичка стабилизација на сликата. Главната камера на iPhone X има два отвори на блендата, широкоаголна f / 1.8 и телефото со отвор од f / 2.4.

Снимените видеа се подготвени за споделување на социјалните мрежи, но исто така и на голем екран со 4K запис или бавно снимање до 240 fps.

Големина на екран: 5.8 инчи
Камера: 12 МР
Работна меморија: 3 GB
Батерија: 2716 mAh

LG V30

LG V30 несомнено дава најдобри резултати за видео клипови благодарение на напорите и посветеното време за развој на 15 филтри, од блокбастер филмови и романтични комедии до класични филмови. Едноставно, се е приспособено за да се добијат посакуваните резултати. Снима сè, од динамични и драматични кадри до контролирана брзина на зум.

Во LG внимание посветиле и на звукот од видео записите, кој е најдобар досега.

Како и кај претходните LG премиум модели како G6, така и LG V30 доаѓа со широко аголна камера во вистинска смисла на зборот. И главната и селфи камерата снимаат со агол до 120°, наместо стандардните 75°.

Големина на екран: 6 инчи
Камера: 16 МР
Работна меморија: 4 GB
Батерија: 3300 mAh

Nokia 8

Nokia 8 е опремен со двојна задна од 13MP камера, а за изработката на камерата користени се врвни материјали како Zeiss оптика и ултра тенки делови.

Nokia 8 има интересна можност за снимање истовремено и со предната и со задната камера, таканаречен bothie мод – снимањe нa видео или фотографии со поделен екран и два кадри во исто време.

Аудио технологијата Nokia OZO обезбедува 360° звук и значително го намалува амбиенталниот шум, другите шумови и пречки.

Големина на екран: 5.3 инчи
Камера: 13+13 МР
Работна меморија: 4 GB
Батерија: 3090 mAh