Од полноќ раст на цената на бензините, намалување на дизелот!
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.03.2022 година
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,628 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,090% или за 33,100 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,040% или за 7,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,718% или за 12,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,306% или за 13,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,3613 ден/$ и е за околу 1,028% понизок од курсот на доларот (57,9573 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.