Автомобилската индустрија има најголем број на роботи вработени во фабриките

Најновите податоци покажуваат дека во фабриките ширум светот работат дури еден милион роботи, што е една третина од сите роботи вработени во индустријата генерално, покажуваат податоците на Меѓународната федерација за роботика (IFR).

„Автомобилската индустрија всушност го измисли автоматското производство“, вели Марина Бил, претседател на федерацијата. „Денес, роботите играат клучна улога во овозможувањето на транзицијата на оваа индустрија од мотори со внатрешно согорување на електрична енергија.

Таканаречената фреквенција на примена на роботите го покажува нивото на автоматизација во индустриското производство. Тоа е најголемо во Кореја, каде што работат 2.867 роботи на секои 10.000 вработени. На второ место е Германија со 1.500 роботи, додека САД се на трето место со 1.457 роботи. Јапонија е многу блиску со 1.422 роботи, додека Кина е малку подалеку, на петтото место, со само 772 роботи.

Сепак, Кина се приближува со огромна брзина. Во текот на 2021 година речиси го удвои бројот на активни роботи со инсталирање на 61.598 роботи, што е 52% од вкупно инсталираните 119.405 роботи во таа година во светот.