2020 Škoda Superb: сите карти на маса / МЕГА ГАЛЕРИЈА
Škoda ги објави првите фотографии и информации за рестилизираниот Superb
Чешкиот производител на автомобили во сопственост на VW објави сет од фотографии и илустрации од својот рестилизиран предводник во гамата, кој доаѓа со повеќе стилови и технологија повеќе од било кога.
Изграден на веќе познатиот стил од лимузинската и комби верзија, Superb 2020 за прв пат ја лансира и Scout верзијата со поголема проодност. Преземајќи ја улогата на „најгруб“ член на семејството, Scout, кој е достапен исклучиво достапен во караван верзија, ги обединува основниот модел, верзијата со поспортска нота Sportline и луксузната верзија L&K во рестилизираната моделна линија.
[useyourdrive dir=”1nyW2RKO8vBPuMRd8qYZedXQbqpq16G6s” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″]
Во линијата на модели за прв пат влегува и plug-in-хибридна верзија, означена како Superb iV. Предвидено е да пристигне до крајот на годината, а таа во суштина го има истиот погон од VW Passat GTE. Superb iV користи 1.4-литарски TSI бензински мотор и електричен мотор од 85 kW (114 КС) за вкупна излезна моќност од 215 КС / 160 kW и 400 Nm достапен вртежен момент. Тука е и батеријата од 13 kWh која овозможува електричен опсег до 55 km во WLTP циклус.
Вреди да се напомене дека моторната гама го поздравува и новиот 2.0-литарски TDI Evo мотор со лесна хибридна помош, најпрво во верзија со 148 КС. Всушност изборот се состои од три дизел и три бензински мотори, односно извонредна понуда од вкупно десет различни комбинации на мотор / погон.
[useyourdrive dir=”1kVO4mYfE7a2IVZLnkaAQboGLL0-rSHSn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Дизајнерските ажурирања се суптилни, но ефективни. Надворешно гледано, решетката сега е поголема, додека фаровите се потесни и сега стигнуваат до решетката. Уште поважно, нудат LED технологија како стандард. Исто се однесува за светлата за магла и светлата позади. Додадени се нови 18 и 19-инчни алуминиумски фелни како и бои на екстериерот.
Внатре, Superb 2020 донесува нова облека за седиштата, обоени контрастни шевови, хромирани акценти и осветлени прегради за складирање во вратите. Исто така, нови се стандардното KESSY Go start копче и инфо-забавниот систем со 8или 9.2-инчен дисплеј. Како и кај надворешноста, внатрешниот амбиент се разликува врз основа на нивото на опремата.
[useyourdrive dir=”1x2N2PbIa60afFO67bBFnoN3NQB-Tzxsi” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Што се однесува до новите технологи, тука се достапните LED Matrix фарови и новите системи за помош, како што се Predictive Cruise Control, Side Assist, Emergency Assist for multi-lane roads и Front Assist with Predictive Pedestrian Protection.
[useyourdrive dir=”1BmeZLMb4v8d-eJytorD0mDzagVpNV9BM” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]