Eлектричен концепт за широки народни маси

Авто саемот во Париз, Renault го отвори со премиерата на концептот K-ZE, кој подоцна треба да стане ценовно прифатлив мал електричен кросовер.

Концептот во многу нешта потсетува на футуристички Кwid, на чија платформа веројатно и се базира, но Renault не открива детали. Според медиумските шпекулации, „К“ доаѓа од Кwid, додека „ZE“ најверојатно се однесува на електричниот погон.

Renault тврди дека K-ZE може да помине 250 километри со едно полнење по NEDC стандардот, а батеријата може да се полни на јавни полначници или домашната електрична мрежа.

Меѓу деталите кои се истакнуваат е мултимедијалниот систем кој обезбедува пристап до различни сервиси, навигација, камера позади, сензори за паркирање …

Комерцијалната верзија на пазарот треба да се појави во 2019 година, но прво на пазарот во Кина.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1gWOyAOA9QxESjNbfyIKg95uuAnLpKq6Y” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Renault за време на премиерата на концепто K-ZE го објави својот план за електрификација на автомобилите од B и C сегментот во Европа, како што се Clio, Megane и Captur.