Новиот SUV модел од Mercedes е една од најочекуваните премиери на овогодинешното издание на Салонот за автомобили во Париз

Новата генерација на GLE сега има 80 милиметри подолго меѓуоскино растојание (2.995 милиметри), што најголемо влијае главно има на повисоко ниво на удобност на патниците во задниот дел, кои сега ќе имаат многу повеќе простор во пределот на колената. За 33 милиметри е зголемен и просторот за главите на патниците.

Повеќе простор е овозможен и за багажот (дополнителни 125 литри), што вкупно дава 825 литри, или 2.055 литри со спуштање на задните седишта.

Во внатрешноста на кабината, GLE го усвоил дизајнерското решение од класите S и E со два големи екрани. Двата дисплеја имаат дијагонала од 12,3 инчи.

Во однос на погонските агрегати, нема многу информации. Прикажан е само GLE 450 4Matic, а станува збор за реден 3-литарски мотор, оплеменет со употреба на лајт хибридна технологија. На возачот на располагање му се 367 КС и 500 Nm.

Од Германската марка велат дека GLE ќе добие и plug-in хибридна верзија, како и целосно електрична верзија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1wjij1Z4h_o09GHxtO5NZktt7k-hOfslc” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новата итерација на пазарот пристига во почетокот на 2019 година.