Автомобилите дефинитивно станаа скапи играчки

Оние кои се впуштија во независни проекти знаат колку е сè скапо, а може само да замислите како сето тоа изгледа кога произведувате милиони делови, развивате нови технологии, вработувате стотици илјади луѓе, а понекогаш плаќате огромни казни за непочитување на еколошките прописи …

Сепак, треба да се има предвид дека производителите на автомобили заработуваат огромни суми на пари, но кои и брзо се трошат. А заработуваат… повеќе од што можете и да замислите.

Компанијата Uswitch спровела истражување на оваа тема, собирајќи податоци од водечките светски автомобилски компании. Овие информации не се тајна, бидејќи производителите на квартална основа објавуваат бројки поврзани со продажбата и заработката. Се разбира, годишното резиме дава најдобар увид во претходните операции на компанијата. Uswitch се држел до ова второто, делејќи ја годишната заработка на помали временски единици, на пример, до секунда.

Табелата во продолжение покажува како стојат работите со првите 10 автомобилски компании во светот во однос на заработката.

Компанија Годишни приходи Заработка на час Заработка во минута Заработка во секунда
Toyota 275 милијарди долари 31.4 милиони долари 523,889 долари 8,731 долари
Volkswagen 255 милијарди долари 29.1 милиони долари 484,399 долари 8,073 долари
Daimler 176 милијарди долари 20.1 милиони долари 355,363 долари 5,589 долари
Honda 137 милијарди долари 15.7 милиони долари 261,349 долари 4,356 долари
Mitsubishi 136 милијарди долари 15.5 милиони долари 258,702 долари 4,312 долари
Ford 127 милијарди долари 14.5 милиони долари 241,903 долари 4,032 долари
General Motors 122 милијарди долари 14.0 милиони долари 233,038 долари 3,884 долари
BMW 113 милијарди долари 12.9 милиони долари 215,137 долари 3,586 долари
Stellantis 99 милијарди долари 11.3 милиони долари 188,375 долари 3,140 долари
Nissan 91 милијарди долари 10.4 милиони долари 172,919 долари 2,882 долари

 Со заработка од 8.731 долари секоја секунда, Toyota е прва на листата, а по неа е Volkswagen со 8.073. Малку подалеку зад јапонскиот и германскиот конгломерат се Daimler, па дури и Нисан, кој е 10-ти, заработува речиси 3.000 долари секоја секунда.

Ова секако става сè во поинаква перспектива кога станува збор за финансиските случувања во автомобилската индустрија. Сепак, од друга страна, Toyota потрошила над милијарда долари во текот на 2020 година само за рекламирање, и тоа само во САД!