Шефот на дизајн одделот на Audi, Марк Лихте, вели дека сака германскиот гигант да произведе луксузно купе кое ќе биде директен конкурент на BMW Серија 8, но не верува дека побарувачката на пазарот е доволно голема за да има оправданост за таков модел

Марк Лихте, вели дека му се допаѓа формата на купе со две врати, но вистината е дека продажбата е многу послаба во споредба со моделите со четири врати. Сепак, тој додава дека никој не знае што ќе се случи во иднина, и дека компанијата има многу идеи кои одат во таа насока.

Сегментот на луксузни купе модели го привлече вниманието по објавата за доаѓање на BMW Серија 8, кој ќе биде конкурент на Mercedes S-Class Coupe, како и новиот Polestar 1, кој ќе биде првиот модел под новиот под-бренд на Volvo.

Вниманието на Audi е далеку од модели со две врати во изминатите неколку години, но концептот Prologue претставен на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во 2014 година е наговестување како би можел да изгледа купе моделот од Инголштад.

Токму Prologue е едно од првите дела на Лихте во компанијата. Првобитно е конструиран за најава на новиот Audi дизајнерски јазик, но секако би можел да биде инспирација за моделот A9, односно, ново купе со две врати.
И покрај зголемената понуда на луксузни купе модели, моделот на Audi, ако добие зелено светло, на пазарот нема да пристигне пред 2019 година. Според Лихте, предност имаат моделите А6, Q8, а потоа и моделите А1 и новиот Q3.