Зошто вашиот автомобил троши повеќе гориво на ниски температури?
Во просек, на температура од минус 7 степени автомобилот троши и до 12 проценти повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени
Возењето на кратки растојанија во зима не е економично затоа што тогаш автомобилот троши најмногу гориво, односно моторот не успева да се загрее. Потрошувачката на ладен мотор при ниски температури може да порасне до 40 литри гориво на 100 километри.
Во просек, на температура од минус 7 степени автомобилот троши и до 12 проценти повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени.
Причините се неколку: на моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи најефикасно. Студеното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот при тркалање и потрошувачката (периодично проверувајте го притисокот во гумите). Студениот воздух надвор е погуст од топлиот, така што се зголемува отпорноста при возење и потрошувачката на гориво.
Во услови кога има снег и мраз на патот, има повеќе пролизгување на погонските тркала, така што потрошувачката на гориво се зголемува. Спорото возење до 60 km/h, исто така, има негативен ефект врз потрошувачката на гориво.
Паркирањето во потопли простории, како што се гаражите, ќе ви помогне. Исто така, кога ќе го вклучите автомобилот, започнете да возите што е можно поскоро, бидејќи моторот ќе се загрее побрзо. Не ги користете премногу долго функциите за одржување / одмаглување на прозорците и греење на седиштата.