Lada Niva е идеален автомобил за Дедо Мраз за време на новогодишните празници и подароци, според Lada, а тоа го покажале со необично рекламно видео

Видеото кое е објавено на официјалниот YouTube канал на Lada започнува со писмо што Дедо Мраз го добива од младиот човек Вадик. Тој бара од Дедо Мраз да му подари токму Lada Niva.

На Дедо Мраз му остануваат само 15 минути до полноќ, а за да не го разочара Вадик, седнува во Lada Niva, варијанта Bronto и се упатува кон куќата на младиот човек со звуците на познатата празнична песна „Ѕвончиња“ во рок верзија. Сепак, патот не е толку едноставен, па Дедо Мраз мора да ги совлада завеаните патишта и кратенки, за да се пробие и тоа многу брзо.

По драматично возење, Дедо Мраз стигнува до Вадик и наместо да му даде Lada Niva, тој му го дава своето магично стапче и го задржува автомобилот за себе.

https://youtu.be/WKG5iJGdU2A