Вината е во „генерацијата Z“, која ги дефинира вкусовите на автомобилскиот пазар

Луѓето родени по 1995 година или таканаречената генерација Z (Generation Z) претставуваат повеќе од една четвртина од населението во САД и речиси една третина од нив можат легално да возат. Овој фактор има забележително и растечко влијание врз автомобилската индустрија, се вели во анализата на изданието Carscoops.

И покрај фактот што некои од овие млади луѓе се принудени да користат јавен превоз или ја претпочитаат услугата carsharing, 92% од нив имаат или планираат да купат автомобил, а најпопуларниот тип на автомобил во оваа возрасна група е субкомпактниот кросовер / SUV.

Статистиките покажуваат дека пред четири и пол години, 18-24-годишните возачи како прв прв автомобил купувале евтин автомобил, најчесто добро одржуван компактен автомобил – седан / купе (8121) или SUV (443). Односот сега е променет (3391 седани и купе модели продажба за минатата година и 2.840 SUV модели. Тоа значи дека побарувачката за мали кросовери за овој период се зголемила за 541 отсто!

Покрај тоа, младите возачи сè повеќе бараат автомобил на пазарот за користени автомобили, но се обидуваат да купат и нов со гаранција.

„Никогаш не сум слушнал за EcoSport, но ми се допадна веднаш откако го видов”, вели Кели Освалд, 19, еден од првите сопственици на малиоттеренец – Ford EcoSport во САД.  „Јас требаше да купам користен автомобил и не очекував нов автомобил да биде по толку прифатлива цена”, додава таа.

Поради сето ова, воопшто не изненадува одлуката на Ford да од производствените ленти да ги повлекува скоро сите свои лесни автомобили од другата страна на Атлантикот и да го насочи своето производство кон кросовери од секакви размери и пикапи.