Зошто Илон Маск е против водородот како погонско гориво?
Анимозитетот на Илон Маск кон водородната технологија е добро познат.
Причината веројатно лежи во тоа што водородните горивни ќелии се потенцијално посоодветна алтернатива на батериите, чијшто е одличен промотор, а со тоа и опасност за неговиот бизнис, кој се врти околу продажбата на автомобили на батерии.
Сопственикот на Tesla одвреме-навреме излегува во јавноста со критики за водородната технологија и придружната инфраструктура и при тоа не бира зборови, честопати користејќи ги оние кои се попогодни за улица отколку сериозна размена на мислења.
Една неодамнешна анализа спроведена од страна на Анмар Франгул во напис за CNBC објаснува зошто Маск станал толку отворено непријателски настроен кон водородната технологија. Од неа произлегува дека тоа е став што го дели со некои други шефови на автомобилски компании. Во извештајот се истакнува дека Маск рутински го осудува водородот и како аргумент ги наведува тешкото складирање, комплицираниот транспорт и опасноста од експлозии, секогаш избегнувајќи ги позитивните аспекти, кои не се малку.
Секако, може да се направи паралела со процесот на рафинирање на литиумот, кој се користи за батериите во автомобилите на Tesla, кои Маск го направија богат и „познат“. Нема сомнеж дека има предности и недостатоци кога се во прашање електричните автомобили со батерии и водород, иако Маск одамна се одлучил по тоа прашање.
И тој, исто како и шефот на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, смета дека најдобро е водородната технологија да остане во индустриски рамки, а не да навлегува во автомобилскиот сектор.
Анмар Франгул го цитира „твитот“ на Дис:
„Време е политичарите да ја прифатат науката, зелениот водород е потребен за челик, хемикалии, авијација“ и не треба да завршува во автомобили. Премногу скапо, неефикасно, бавно и тешко се одвојува и транспортира“.
Сепак, германските ривали на Volkswagen, Daimler и BMW не го отфрлаат водородот, сметајќи дека во иднина има простор за двете технологии. Во меѓувреме, Toyota, Hyundai и BMW веќе посветија време и ресурси за да ја направат водородната технологија чиста алтернатива на литиум-јонските батерии. Моделите како Toyota Mirai и Hyundai Nexo веќе докажаа дека серискиот електричен автомобил со погон на водородни горивни ќелии е всушност возможен.
На крајот на краиштата, глобалните потрошувачи ќе бидат тие што ќе одлучат дали батериите на крајот ќе ги надминат горивните ќелии во иднина. Тоа е трка во која Илон Маск има намера да победи без да избира средства. Затоа, не е чудно што одвреме-навреме фрла „бомба“, иако често неаргументирана.
Извор: Вреле Гуме