Зошто годината на производство е различна од моделната година?
Иако е октомври, во авто салоните веќе може да се видат модели за 2019 година. Некои компании одат до таму што уште сега претставуваат модели за 2020 година, па дури и за 2021 година, што веројатно збунува многу кои не го разбираат тој тренд
Ако се погледнеме ситацијата, во поголемиот дел држави, автомобилот се води под година на производство, што не е случај и во САД, каде што е доволно производството да биде по први јануари и со тоа може да се води како модел за следната година. Зошто е така и кој го започна овој тренд?
Овој начин на работење за првпат е користен во модната индустрија кога во есен би пристигнала понудата за следната сезона. Во автомобилската индустрија, General Motors (GM) сличен тренд има понудено во текот на 1920-тите години по идеја на тогашниот претседател на кмпанијата Алфред Слоун, кој сметал дека клиентите не сакаат да чекаат дополнителни два месеци за нови производи, така што Chevrolet, Oakland/Pontiac, Oldsmobile, Buick и Cadillac за 1928 година ги „поздравиле“ купувачите веќе во октомври 1927 година. Слоун, исто така, знаел дека за купувањето на нов автомобил е голема награда за нова година, но и дека земјоделците обично ги продаваат своите производи во есен поради тоа што во тој период имаат повеќе пари за трошење.
Се разбира, тоа не биле единствените причини. Во текот на првите години на американската автомобилска индустрија, во северните сојузни држави имале проблеми со осветлувањето и греењето во фабриките во текот на зимските месеци, па производството воглавно се одвивало во текот на летото. Ова значи дека салоните веќе во есен имале голем број непродадени возила што сакале да ги решат што е можно поскоро.
По Втората светска војна, американската автомобилска индустрија го одбрала 1 октомври како ден кога пристигнуваат модели за следната година. Овој детал е многу важен, бидејќи во овој период стилот се менувал речиси секоја година и автомобилите во салоните биле праќани покриени и маскирани за јавноста да не сознае порано што се случува. Во време кога интернетот не постоел, за народните маси единствениот начин да дознаат како нивниот „миленик“ изгледа бил да отидат во изложбените салони. GM го сменил и овој тренд кога ноќта пред да дебитираат моделите за 1965 година, објавувајќи комерцијална реклама во популарната ТВ серија „Бонанца“ и со тоа се стекнал со предност во однос на конкуренцијата.
Оттогаш многу се сменило. Достапноста на медиумите за широките народни маси носи и преставување на автомобилите и неколку години пред почетокот на нивно сериско производство. На овој начин, компаниите можат да анализираат како концептите поминуваат кај потенцијалните клиенти и кои карактеристики треба да се променат. Како и да е, автомобилите кои се произведени и до една година разлика во споредба со моделната година се главно се сосема нови автомобили, но единствениот начин да бидете сигурни е да го погледнете и анализирате VIN бројот.