Шведската марка е еден од пионерите на бројни безбедносни системи, и пасивни и активни

Меѓутоа, во текот на педесеттите години од минатиот век, во Volvo започнале со многу интересни тестови, како фрлање автомобил од одредена висина, удирање во ѕид…

Така, во 1958 година, тестирањето на безбедносниот ремен за врзување во две точки, Volvo за првпат го спровел при тест на фронтален удар, што во суштина бил првиот тест од ваков тип со цврста бариера. Потоа, во 1982 година, Volvo го фрлил моделот 760 од висина, забележувајќи дека при падот, автомобилот достигнал брзина од 50 km/h. Сè заради безбедносни тестови.

Во 2000 година во близина на Гетеборг, Volvo отвори специјализирана лабораторија за да врши тестови во контролирани услови. Десет автомобили со различни единици и конфигурации се тестираат на ова место на неделно ниво. Патеката во рамките на овој тест центар е доволно долга за да може возилата да забрзаат до 120 km/h.

Секој нов модел на Volvo се тестира со повеќе од 100 типови на тестови, од кои некои се многу комплексни од оние спроведени од EuroNCAP.

Секој краш тест што го спроведува шведската марка е сложен и бара пет дена работа, од кои три за да се подготви автомобилот, што вклучува бојадисување на експерименталниот модел, обично во мат портокалова боја. Потоа се инсталираат камери и други сензори, така што по завршувањето на тестот, се прави детален преглед на возилото и куклите за краш тестовите во него.