Зошто Бугарите масовно крадат регистарски таблички од бегалците од Украина?
Војната во Украина им донесе бројни директни маки на жителите на земјите вклучени во вооружениот конфликт, но и на оние од околните земји, каде приливот на бегалци од загрозените подрачја е многу интензивен. Така, голем број украински државјани завршија во блиската Бугарија, а меѓу нив не е мал бројот и на оние кои со автомобил се упатиле кон нашиот сосед
Како таквите луѓе да имаат малку маки поврзани со бегањето од сопствената земја, па сега имаат и проблем со исчезнати регистерски таблички од возилата. За ова пишуваат медиумите од соседството, истакнувајќи дека локалната полиција во оваа прилика не е премногу потресена и не прави доволно за да ја спречи оваа појава.
Сите особено ги интересира мотивот, односно причината што ги поттикнала луѓето да присвојат регистарски таблички од странски возила. Долго време не се знаеше за што се работи, но потоа беше откриено дека вистинската причина за кражбата на регистарски таблички е тоа што мештаните на тој начин избегнувале плаќање на такса за паркирање.
Бугарските граѓани, се разбира не сите, тогаш би ги закачиле овие „позајмени“ таблички на своите возила кога ќе ги паркираат на места каде што тоа не е дозволено (или барем не толку долго). Откако ќе бидат употребени ознаките, новинарите наведуваат дека потоа се фрлаат. Од друга страна, жртвите од Украина се соочени со неможноста за користење на своите возила бидејќи процесот на добивање нови метални табли во дадените околности е долг и напорен.
Посебен проблем за Украинците е фактот што голем дел од нив отишле во околните земји со зимски гуми, а во областа се нелегални за употреба надвор од предвидениот период, па казната за ова кривично дело во Бугарија е на малку повисоко ниво од дваесет евра. За жал, многумина немаат пари за замена на гумите…
На крајот, да додадеме дека дури и руските возачи не се без мака кога го возат својот автомобил надвор од границите на земјата. Пред неколку дена беше објавена веста дека возачите со руски регистарски таблички од 1 јуни нема да можат да сметаат на поволностите што ги носи таканаречениот зелен картон на територијата на Швајцарија и земјите од блокот на Европската унија.