„Zoom зомби“ возачите се зголемена опасност во сообраќајот?!
За што станува збор? Луѓето што седнуваат зад волан по видео конференција, возат полошо од вообичаеното
Еден од многуте штетни ефекти на пандемијата е растечката зависност од апликации за онлајн состаноци како што се Zoom, Microsoft Teams и Google Meet. The Detroit Bureau објави ново истражување кое ги разјаснува ефектите на видеоконференциите на нашата способност за возење.
Осигурителната куќа Root Insurance изразува загриженост за безбедноста во врска со „Zoom зомбијата“ за време на годишното истражување за расеаност при возење. Основачот и извршен директор на гореспоменатата осигурителна компанија, Дејвид Тим, тврди дека „COVID-19 го сменил фундаментално начинот на комуникација со другите луѓе, а бидејќи многумина нагло се префрлиле на виртуелно опкружување, зависноста на Американците од технологијата драматично се зголемило заедно со нивното време поминато пред екранот, поради што повеќето луѓе почнуваат да го носат тоа однесување и во своите возила “.
Покрај тоа, истражувањето посветува големо внимание и на когнитивното одвлекување на вниманието. Многу е веројатно дека ќе одлутате некаде со вашиот ум додека возите ако сте седнале зад воланот по долго време поминато пред екран. Студијата покажува и уште еден негативен тренд – проверките на телефони за време на возењето се зголемиле за 6 проценти во споредба со претходната година.
Соодветно на тоа, треба да се спомене дека 2020 година започна со голем број смртни случаи на патиштата во Америка, при што се усмртени 42.060 Американци, што е за 8 проценти повеќе од претходната година. Резултатите се изненадувачки затоа што луѓето, всушност, возеле 13,2 проценти помалку поради пандемијата отколку во 2019 година.
„Прелиминарните податоци ни кажуваат дека помалку Американци возеле за време на националната закана по здравјето, но оние кои управувале биле изложени на ризик и имало повеќе жртви“, велат властите во националното писмо до возачите.